Македонија
29. February 2024 - 16:39

Системско решение за Леонид Индов и Јани Иванов после изборите

Министерот за здравство вети покривање на трошоците за третманот на Леонид Индов во Австрија. Демири не открива на кој начин, колку пари и од каде ќе ги најдат финансиските средства. Под притисок на јавноста, Владата го задолжи првиот човек во здравствениот систем да најде начин за помош на 18 годишноито момче. Но ова е само парцијално решение а на помош од здравствените власти чекаат и родителите на Јани Иванов од Неготино, кој ја дели истата судбина и патешествие како Леонид и со месеци е на лекување во Лариса.

-Значи, Владата и Министерството за здравство се комплетно посветени и ќе најдеме решение да му се помогне не само на Индов, туку на секој еден пациент кој има потреба 

 Системско решение во оваа техничка Влада и предизборие не може да се најде. Треба да се најде решение со кое ќе биде задоволен Индов и ќе бидат покриени трошоците, а за системско решение после изборите ќе зборуваме, од повеќе сектори зависи тоа. Значи, промена на регулативи и на закони не зависи само од Министерството за здравство, изјави Илир Демири, министер за здравство.

 Демири за Сител потврди дека ќе има средба и со семејството на Јани, откако таткото на 19 годишното момче вчера јавно апелираше до здравствените власти да го разгледаат повторно случајот и да донесатправилна одлука.

Од Фондот кажаа дека за Јани поминале сите рокови за приговори, а таткото на Леонид веќе поднел жалба.

Овие две момчиња со сегашната нивна состојба не можат на апаратот за роботска рехабилитација во Козле бидејќи таму нема да третираат пациенти со декубити и трахеостома, ни потврдија уште вчера од клиниката. Нема ниту бањи за вакви случаи и додека семејствата чекаат системско решение, останува хуманоста на граѓаните кои постојано организираат акции за помош на Леонид и Јани.