Бизнис
18. July 2017 - 19:46

Сиромаштијата ги пустоши македонските села

Сиромаштијата ги пустоши селата низ Македонија.  Дури 43 отсто од населението кое живее во руралните средини е сиромашно.

Покрај ниските приходи населнието во овие средини сеуште има ограничен пристап до училишта, здравствени установи, а голем проблем е и лошата инфраструктура.

Сосотојбата во земјоделството кое е примарна дејност на голем дел од населнието е многу важен фактор  кој влијае на руралната сиромаштија.

- Само даваме препораки, а никогаш не изнесуваме конкретни, статистички показатели за руралната сиромаштија. Сметаме дека за надминување на состојбата, односно за заживување на руралните средини најпрво е неопходно реализирање инвестиции, изготвување стратегија за заштита од климатските промени, адаптација, договорно производство,...посочи Билјана Петровска од ФФРМ, исто така коавтор на анализата.

Во руралните средини кои зафаќаат скоро 90 отсто од вкупната површина живее 45 % од населението во земјава. Дополнителен проблем е што земјоделското земјиште и руралниот имот не се доволно вреднувани од банките и ова население се третира како кредитонеспособно. Жените пак кои живеат во овие средини се најдискриминирани.

- Околу 77 отсто од руралното население кое се занимава со земјоделство спаѓа во категоријата „неплатен труд“ што е уште повидливо кај руралната жена која и официјално е неактивна или, како што покажува истражувањето, 63 проценти од руралните жени се неактивни, немаат пристап до едукација, многу малку се вработени, а ако се вработени добиваат половина од платата што би ја земал маж. Руралните жени се воедно лишени од правото на имот и што е најчудно, се уште, во денешни услови, не се свесни дека се традиционално дискриминирани, нагласи Туна.

Анализата покажува дека 34 % од руралното население се преселило  во урбаните центри, а во 104 села има има по максимум 10 жители.