Македонија
18. July 2019 - 16:17

Сириза ја обвини Нова демократија дека ја сменила политиката во однос на Преспанскиот договор

Не поминаа ни десет дена , а  Владата на Мицотакис  јавно призна  дека Ципрас бил во право за Преспанскиот договор,  вели грчката опозиција. Потврда за тоа е и вчерашната панел дискусија  во АТина на која учествуваше и македонскиот шеф на дипломатијата, укажува Сириза.Од партијата коментираат дека министрите на Нова демократија седнати до Димитров  јавно се заложија  за подобра иднина и соработка мегу двете земји

Нова демократија и Мицотакис седум месеци туркаа политика на квази-патриотизам. Поттикнуваа национализам и радикално десничарски теории на заговор за да уловат гласови од радикалната десница. Отидоа толку далеку што говореа и дека сме го потпишале  Договорот од Преспа во замена за пензиите . Само десет дена по изборите, политиката на владата на СИРИЗА во врска со Договорот од Преспа сега им е сосема оправдана.

Извинување од новата Влада побара и поранешниот шеф на дипломатијата Коѕиас .

Мило ми е што сега им се допага договорт. Ми се закануваа со смрт и ме нарекува предавник, зарем не заслужувам сега да ми се извинуват. Порача преку твитер потписникот на спогодбата од Преспа,  Козиас.

И американскиот аналитичар Џек Далгариан во колумна за Неокосмос коментира дека Мицотакис, сега откако е на власт, ке мора да ја смени својата политика на закани кон својот сосед.

-Мицотакис најави дека ќе го почитува Преспанскиот договор, но и дека ќе врши притисок врз Скопје околу употребата на терминот „македонски“ во културата, јазикот и производите. Колку притисок ќе  може да  употреби,  ке зависи од НАТО и ЕУ,  кои сакаат брзо и непречено да ја вклучат Северна Македонија во двата сојузи, наведува Далгариан.