Сириските сили започнаа нова офанзива против бунтовниците во Алепо

Сириските владини сили, поддржани од руски авиони, денеска започнаа нова офанизва во Алепо, во обид да ги потиснат бунтовниците од деловите на градот што се под нивна контрола, јави ДПА.
Германската агенција, повикувајќи се на изјави на локални жители на Алепо, информира дека главниот правец на нападот на владините сили е кон североисточните делови на градот, кои изминативе недели беа изложени на жестоки воздушни напади.
Владините сили успеале да напредуваат во населбата Сулејман ал Халаби во источниот дел на градот, каде што се наоѓа главната пречиситителна станица за вода во Алепо. За време на воздушните напади станицата е сериозно оштетана и таа не фукционира, а уништен е и поголем дел од водоводната мрежа во источниот дел на Алепо.
Според хуманитарните организации, во делот од Алепо што е под контрола на бунтовниците се наоѓаат околу 300.000 лица, кои се опколени од владините сили и се соочуваат со недостиг на храна, лекови и струја.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Загадувањето доаѓа од домаќинствата
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
