Сириските бунтовници обвинија дека руски авиони гаѓале бегалски камп
Сириските бунтовници денеска обвинија дека руски воени авиони вчера нападнале бегалски камп на сириско-јорданската граница,
- Нападот врз кампот „Хадалат“ се случил вчера околу пладне, изјави Саид Сеиф ал Каламони, претставник на Слободната сириска армија. која има поддршка од Западот.
Се работи за импровизиран камп, каде што неколку стотици бегалци, главно жени и деца, се заглавени во сирискиот меѓуграничен простор.
Информацијата за нападот ја потврди и западен дипломатски претставник, посочувајќи дека при то се ранети најмалку 40 лица, повеќето жени и деца.
Локални медиуми јавија дека јордански царински службеници им пружиле помош на ранетите.
Меѓу жртвите имало и борци од бунтовничката групација Асуд ал Шаркија, која се бори против Исламската држава и која како дел од умерени бунтовници, е финансиски и логистички поддржана од Западот. Во нападот се повредени и членови на семејствата на многу од борците.
Во пустинскиот регион близу тромеѓето на Ирак, Сирија и Јордан, се поставени два големи кампа каде престојуваат над 60.000 бегалци од централна и источна Сирија, на кои јорданските власти не им дозволуваат да влезат во Јордан, поради безбедносни причини.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа