Сириските бунтовници нема да воведуваат верски кодекс на облекување за жените

Сириските бунтовници кои го соборија претседателот Башар ел Асад изјавија дека нема да воведуваат верски кодекс за облекување на жените и дека ќе гарантираат лична слобода за сите.
„Строго е забрането вмешување во облекувањето на жените или наметнување какви било барања во однос на нивниот изглед,“ стои во соопштението на Генералната команда на бунтовниците.
Тие истакнаа дека личната слобода ќе биде темел на изградбата на цивилизирана нација. Лидерот Абу Мохамед ал Голани, кој влезе во Дамаск, изјави дека се залага за плурализам и толеранција.
Инаку, Голани, водачот на Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која САД ја сметаат за терористичка организација, долго време се обидува да го промени својот имиџ, јавно се откажа од врските со Ал Каеда и се обидува да се претстави како прагматичен и толерантен лидер.
Ново на Сител
-

Според најновиот индекс македонскиот пасош е подобро рангиран од Албанија, БиХ и Турција
-

Путин: Меѓународната ситуација се влошува, светот станува сè поопасен
-

Општина Кавадарци повика заинтересираните да се пријават за Водици
-

Авион на „Туркиш ерлајнс“ принудно слета во Барселона поради закана со бомба на патник
-

ЕУ воспостави нов механизам за ограничување на цената на руската нафта
-

Лабрадор вклучен во терапевтскиот процес на Клиниката за психијатрија
-

Бруно Фернандеш нема да го напушти Манчестер јунајтед во јануари
-

Полска со порака до Трамп за Гренланд: Нападот на сојузниците би бил крај на светот каков што го знаеме
