Свет
2. September 2017 - 12:39

Сириските бунтовници бараат национална армија поради обединување на опозицијата

Повеќе од десет сириски бунтовнички групи ја поддржаа иницијативата за создавање национална армија, со цел да се обедини опозицијата.

Идејата е предложена од сириската влада во егзил, која е создадена од опозицијата во странство, и од Сирискиот исламски совет - организација составена од сириски духовници во 2014 година, која исто така е против сегашниот режим.

- Треба да и ставиме крај на сегашната ситуација на поделби. Треба да создадеме единствена револуционерна армија, соопшти Сирискиот исламски совет.

Владата во егзил, пак, истакна дека оваа иницијатива „ќе доведе до соборување на криминалниот режим„ на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Досега над десет бунтовнички групи се согласиле со иницијативата, вклучувајќи ги и Ахрар аш Шам и други бунтовнички движења, кои се поддржани од Турција.