Сириската војска објави примирје во Дамаск, но не и во Алепо
Сириската војска денеска објави времен прекин на огнот во Дамаск и неговата околина, како и во провинцијата Латакија, но не и во градот Алепо, околу кој се водат најжестоки борби.
Руски и американски воени претставници се договорија за „режим на тишина“ во Сирија од денеска на полноќ. Во Дамаск и неговата околина е воведен 24-часовен прекин на огнот, а во Латакија 72 часа.
Засега не е познато каков ефект ќе има ова примирје, но западните медиуми јавуваат дека е малку веројатно опозицијата да се придржува кон прекинот на огнот, имајќи предвид дека во воздушмите напади на владините сили во изминатите денови во Алепо загинале десетици луѓе.
Неколку лица се повредени денеска во воздушен напад, во кој е уништена болница кварт на сирискиот град Алепо, кој е под контрола на бунтовниците. Нападот се случува еден ден по бомбардирањето на болница на „Лекари без граници“, при што загинаа десетици луѓе, вклучувајќи и деца.
Во бунтовничкиот дел на градот била откажана петочната молитва поради интензивните напади.
Ново на Сител
-
Перински: Партнерството со Унгарија ќе придонесе за унапредување на општинскиот развој
-
Главната железничка станица во Виена повторно е отворена за сообраќај по наводна закана за поставена бомба
-
Трамп: САД нема уште долго да ги толерираат изјавите на Зеленски
-
Муцунски: Унгарија е меѓу 10-те најголеми наши трговски партнери и странски инвеститори
-
Орбан ќе бара од Европскиот совет да нема заклучоци за Украина
-
Анкета: Само 13 oтсто од Украинците ги сметаат САД за пријателска земја
-
Муцунски: Нашата надворешна политика се базира на усогласеност со политиката на ЕУ и стратешкото партнерство со САД
-
Почна склучувањето договори за новата реколта тутун со нови цени