Свет
3. April 2016 - 16:00

Сириската војска го зазеде градот Карјатаин од џихадистите на ИД

Сириската војска денеска ја презеде контролата врз градот Карјатаин, откако вчера од него ги протера припадниците на таканаречената Исламска држава, објави денеска сириската државна телевизија.

Во извештајот на телевизијата се наведува дека војниците и нивните сојузници „во целост ја повратија безбедноста и стабилноста во овој град, откако ги ликвидираа последните групи на терористи од ИД“, пренесуваат британските медиуми.

Градот Карјатаин се наоѓа на околу 100 километри западно од Палмира, која сириските сили ја зазедоа од ИД минатата недела.