Сириската опозиција откажа учество на мировните преговори организирани од Русија

Сириската опозиција ја отфрли поканата за учество на „Конгресот на сирискиот национален дијалог", организиран од Русија, кој треба да се одржи на 18 ноември во Сочи. Сириската опозиција инсистира мировните преговори да се водат под покровителство на ОН во Женева.
- Револуцијата ја отфрла оваа конференција, која е меѓу режимот и режимот, изјави Мохамед Алуш, член на опозицискиот Врховен комитет за преговори и раководен кадар на бунтовничката група „Џаиш ал Ислам".
За Комитетот беше изненадување што се споменува во листата на организации поканети да испратат свои претставници во јужниот руски град, додаде тој.
Опозициска организација Сириска национална коалиција со седиште во Турција, исто така, ја отфрли поканата.
- Коалицијата нема да учествува во какви било разговори со режимот надвор од Женева или без медијација на ОН, изјави нејзиниот портпарол Ахмед Рамадан
Ново на Сител
-

Петмина лекари од битолската болница обвинети за несовесно лекување на пациентка која починала
-

АНБ: Откриена мрежа на клонирани портали во Македонија, ширеле дезинформации во корист на руски интереси
-

Италија воведе забрана за бурки и никаби во училиштата – казни до 1.000 евра
-

Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година
-

Најладно во Берово, утрово измерени -2 степена
-

Нетанјаху го нарече „херој“ пилотот по нападот во кокпитот на „Флај Дубаи“
-

Почнува зимското работно време на паркизите на ЈП Градски паркинг - Скопје
-

Трамп: Војната ќе заврши многу брзо, САД имаат целосна контрола врз Ормуз
