-->
-->
Сириската армија воспостави контрола врз Дума
-->

Сириската армија воспостави целосна контрола над градот Дума, што досега беше под контрола на групата „Џаиш ал ислам“. Сега владините сили ја контролираат цела Источна Гута, изјави началникот на рускиот Центар за помирување на завојуваните страни во Сирија, генерал-мајот Јуриј Евтушенко.
Тој тоа го оцени како историски настан за Сирија.
- Поставувањето на сириското државно знаме во Дума значи преземање на контрола над населеното места, како и над цела Источна Гута, истакна Евтушенко.
Тој додаде дека во Дума сега ќе се распореди руска воена полиција, која ќе биде во градот се додека контрола не воспостави сириската Влада.
Претходно, од Дума заминаа борците на антивладините вооружени групи и нивните семејства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Пронајдена голема количина на марихуана - полициската акција се уште е во тек
-

Утре до пладне УПОЗ ќе каже дали ја прифаќа понудата на Влада
-

Тема на денот со Шабан Салиу, министер без ресор
-

Преглед на вестите од светот
-

Владата и синдикатот пред договор
-

Филипче пресмета од каде да се скрати за да се најдат пари за минималец од 600 евра
-

Потресни сведочења на пожарникарите за кобната вечер во “Пулс”
