Свет
8. October 2015 - 11:07

Сириската армија почна масовна офанзива

Сириската армија почна денеска масовна офанзива со цел ликвидирање на терористичките групации, ослободување на регионите и населените места во кои владее терор и криминал, изјави началникот на Генералштабот на сириските вооружени сили, Али Ајоб. 

- Сириските вооружени сили неколку години ја држеа иницијативата во свои раце, создаваа човечки ресурси, нагласи генералот. 

- Нападите на руската авијација во Сирија ги поткопаа воените можности на меѓународната терористичка групација Исламска држава и на другите формации, истакна тој.