Сирија тврди дека открила „лабораторија за отрови на терористите“
Сириската армија соопшти дека во населбата Афтарис во реонот на Источна Гута, што до неодамна беше под контрола на бунтовниците, открила „лабораторија на терористите за производство на отровни супстанци“.
- Во текот на операцијата за прочистување на областа на Источна Гута, пронајдена е лабораторија на простанатите терористички организации во Афтарис, опремена за производство на сите видови отровни супстанци. Во неа е пронајдена разновидна опрема неопходна за процесот на создавање и мешање на супстанци за производство на забрането оружје, се наведува во соопштениеото на сириската Армија,
Под обвинение дека сириските владини сили извршиле напад со хемиско оружје во местото Дума на 7 април, рано изутринава САД, Велика Британија и Франција извршија ракетни напади врз цели во Сирија.
По денешната сојузничка акција, сириската државна телевизија објави снимка на која се гледа како претседателот на Сирија, Башар ал-Асад доаѓа вообичаено на своеото работно место, само неколку часа по нападите.
Снимката, што трае осум секунди, е пропратена со текст „утро на отпорот“.
Ново на Сител
-
Тримесечно бебе почина во Шуто Оризари
-
Автоматска пушка недостасувала од магацин во Карпош, осомничена полициска службеничка
-
Македонската репрезентација со 4 гола позитива на полувремето против Катар
-
Клиника за радиологија и онкологија: На располагање сме за регистер во форма неопходна за ФЗО
-
60-годишник прегазил малолетничка во Скопско Поле
-
54-годишен наставник натепал ученик во село Џепчиште
-
Сведокот во бегство за убиството на Вања сам се предаде во полиција
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева