Свет
11. April 2017 - 11:20

Сирија тема на состанокот на Г-7 со Турција и арапските сојузници

Министрите за надворешни работи на земјите од Г-7, кои од вчера заседаваат во Тоскана, денешниот ден го почнаа со средба посветена на Сирија, на која учествуваат и Турција и нивните арапски сојузници. 

На средбата учествуваа и министрите за надворешни работи на седумте најразвиени (САД, Германија, Јапонија, Велика Британија, Канада, Франција и Италија), како и високи дипломати од Турција, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, Јордан и Катар. 

Домаќинот на средбата, италијанскиот министер за надворешни работи Анџелино Алфано вчера изјави дека на неа ќе се бараат начини за постигнување политичко решение во Сирија и избегнување на натамошната воена ескалација. 

Сојузниците на сирискиот претседател Башар ал Асад, особено на Русија и Ирак се заканија со соодветни мерки по американскиот ракетен напад врз сириската воено воздухопловна база ноќта на 6 спрена 7 април како одговор на хемискиот напад, кој се смета дека е извршен од сирискиот режим и во кој беа убиени 87 лица на 4 април. 

Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон се очекува да пристигна вечерва во Москва и британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон изрази желба дека тој на Русија ќе и испрати јасна и усогласена порака. 

Според Џонсон потребно е да се изврши притисок врз Москва, за да престане да го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад.