Свет
21. April 2016 - 0:24

Сирија: Почна евакуацијата на ранети во четири градови

ОН денеска почнаа да евакуираат 500 луѓе, вклучувајќи ги и ранетите, од четири градови во Сирија.

- Ги евакуираме ранетите и болните од четири опколени градови, рече извор од ОН во Дамаск.

Ранетите и нивните семејства се евакуираат симултано од градовите Забадани и Мадаја, кои ги држат бунтовниците во близина на Дамаск, како и градовите Кафраја и Фуа под контрола на владините сили на северозападот на Сирија.

ОН на 7 април најавија медицинска евакуација од големи размери од овие четири градови.