Синот смртно прегазил жена во Прилеп и побегнал, таткото рекол дека тој возел
Секторот за внатрешни работи Битола – Полициска станица Прилеп, до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против Д.П.(26) од село Славеј, прилепско, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот” и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода”, по член 300 и член 301 од Кривичниот законик.
„На 09.06.2023 околу 19.45 часот на ул.„Александар Македонски” во Прилеп, пријавениот со патничко возило „фолксваген голф” со прилепски регистарски ознаки удрил во велосипед управуван од А.Ц.(42) од Прилеп и го напуштил местото, а од здобиените повреди А.Ц. починала на местото. Подоцна, во полициска станица неговиот татко Р.П.(54) пријавил дека го управувал возилото, но по преземени мерки било утврдено дека Д.П. го управувал возилото. Тој бил задржан во полициска станица и во службен разговор го признал делото“, информира МВР.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“
-
Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски