-->
-->
Синот на Младиќ: „Ја тешеше мајка ми, ќе се бори додека е жив“
-->
Синот на Ратко Младиќ по донесената одлука за доживотен затвор на неговиот татко пред Хашкиот трибунал изјавил дека пресудата за него не била лесна за слушање.
Тој за српските медиуми изјавил дека пресудата била очекувана, бидејќи тужбата и пресудата биле одамна напишани. Како што додал, по донесувањето на пресдута, тој и неговата мајка го посетиле Ратко Младиќ кој имал висок притисок, но сепак бил силен пред неговата сопруга и ја тешел.
-Отидовме да го видиме, бидејќи имаше висок притисок. Тој ја тешеше мајка ми и рече да не се грижи. Рече дека ќе се бори додека е жив. Овде станува збор за пресуда на еден народ - додал Дарко Младиќ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата