Македонија
9. April 2019 - 14:14

Синот на Илчо Захариев пронајден мртов

Синот на ексградоначалникот на Штип, Илчо Захариев, Александар Захариев (23), е пронајден мртов синоќа во куќа во Делчево, дознава „Макфакс“.
 
Од МВР велат дека денеска во 9.50 часот во Полициската станица Делчево од Службата за итна медицинска помош било пријавено дека во атарот на селото Ѕвегор, Делчевско, бил пронајден починат А.З. (23).
 
Од Обвинителството велат дека на неговото тело немало траги на насилство и дека е извршен увид. Телото е предадено на обдукција за да се утврдат причните за смртта.