Синоќа за само неколку часа фатени и казнети 170 пијани возачи низ државата

На 18/19.12.2021, во периодот од 21.00 до 03.00 часот, полициски службеници спроведоа зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање на возачи што управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 170 возачи. Од нив, 49 биле на подрачјето на СВР Скопје, 28 во СВР Битола, 18 во СВР Охрид, 16 – СВР Струмица, по 15 во СВР Куманово и СВР Штип, 11 од страна на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот на патиштата, 10 – СВР Велес и 8 – СВР Тетово.
Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и поднесени им се соодветни платни налози. Тие ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност, а 4 возачи кои одбиле алкотестирање со глоба од 500 евра. Покрај тоа, на прекршителите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци. За време на контролата биле констатирани и санкционирани и 176 останати прекршоци.
-Апелираме до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол со што ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови со цел заеднички да придонесеме за поголема безбедност во сообраќајот на патиштата, вели МВР.
Ново на Сител
-

Почина поетот, писателот и преведувачот Тихомир Јанчовски
-

Македонците кои трчаа на Tor des Geants | Катерина Шиповиќ и Жикица Ивановски | Sitel Podcast 137
-

Едно од десет лица во светот работи во „ноќната економија“ – анализа презентирана во Давос
-

Истрага против четири лица за пронајдени дрога и оружје во Брвеница
-

Орбан: Парите за Украина треба да се пренасочат кон развој на армиите на европските држави
-

Јаневска: Законот за високото образование в понеделник на ЕНЕР, наставниците ќе добијат 7,5 проценти покачување со мартовската плата
-

Мицкоски за проблемот со транспортерите: Имавме дипломатска офанзива, има неколку можни решенија
-

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините
