Синодот на СПЦ повика на престанок на поделбите и отпочнување дијалог во Србија

Светиот архиерејски синод на Српската православна црква (СПЦ) ги повика „сите кои на кој било начин се вклучени во актуелните настани во Србија“ да ги прекинат поделбите и да иницираат братски дијалог.
- Црквата ги повикува сите оние кои на кој било начин се вклучени во актуелните настани, да размислат за сопствените гревови и да ги покажат плодовите на покајанието за време на Велигденскиот пост, време на покајание и простување, за секој од нас да биде подобар и Христовите зборови „Како што би сакале луѓето да ви прават, така правете со нив“ да бидат нашето златно правило, стои во соопштението на СПЦ.
Српската православна црква наведува дека слуша гласини за можни конфликти меѓу народот и оти е многу загрижена поради тоа.
- Ајде сите да се запрашаме: дали има малку поделеност и раздор меѓу нашиот народ? Затоа, драги духовни чеда, ви се обраќаме и денес, како и секогаш, ве молиме на свиткано колено да направите се што е во ваша моќ за да го одржите мирот во нас и меѓу нас, се нагласува во соопштението.
Повикувајќи се на името Господово и на молитвите на Свети Сава миротворец, СПЦ ги повикува „сите, без исклучок, целосно да го отфрлат насилството од секаков вид, без разлика од кого и од која страна доаѓа“.
- Насилството само го умножува насилството и не внесува во маѓепсан круг во кој сите сме губитници, ги урива темелите на општеството и создава нови поделби, подлабоки од веќе наследените.
Тоа го знаеле нашите мудри предци кои еднаш засекогаш рекле: злото не може да донесе добро. А сепак: силата не му угодува на Бога, но Бог не ја сака ниту силата, се наведува во соопштението.
Како што се нагласува, слободата и правдата се непроценливи вредности, но недостижни без љубов и меѓусебно почитување.
-Ги повикуваме сите да се погрижат на секое место – од семејството, преку работните колективи и образовни институции, до општествените и политичките организации – упорно и непоколебливо да градиме меѓусебна доверба и разбирање преку добронамерен дијалог, се наведува во соопштението.
Српската православна црква потсетува дека Црквата ја носи духовно докажаната вистина и историската свест дека ничиј посебен интерес не е поважен од општото добро на народот и државата и ширум ги отвора вратите, повикувајќи ги сите одговорни општествени чинители на братски дијалог.
-Со цврста вера и надеж дека Бог нема да не остави на безумие и нови страдања, страдања што самите ги направивме, извикуваме од длабочината на нашите срца: Господи, спаси! Господи, води добро, се заклучува во соопштението потпишано од српскиот патријарх Порфириј, митрополитот браничевски Игнатиј, митрополитот зворничко-тузлански Фотиј, митрополитот рашко-призренски Теодосиј и епископот горњокарловачки Герасим.
Ново на Сител
-

Во Обединетото Кралство секој ден во просек по петтмина Албанци се осудуваат на казна затвор
-

Ѓорѓиевски: Се комплетира првата фаза од булеварот „Македонија“, со кој Скопје ја добива првата подземна сообраќајница
-

Трамп до Иран: Отворете ја проклетата теснина, луди гадови, или ќе доживеете пекол
-

Мицкоски: Се разгледуваат нови мерки ако за тоа има потреба, ќе се одредуваат согласно глобалните состојби
-

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола
-

Три жени нападнати од своите сопрузи во Скопје во последното деноноќие, во Штип синот го нападнал својот татко
-

Мицкоски: Состојбата со горивата во овој момент е стабилна, нема потреба од какво било ограничување
-

Малолетници консумирале алкохол во угостителски објект, а во една обложувалница биле затекнати малолетници
