Синодот на МПЦ-ОА со апел за зачувување на македонските национални интереси
Апел за неприкосновено зачувување на македонските национални интереси, упати Светиот архијерејски синод (САС) на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).
Синодот на МПЦ-ОА соопшти дека вчера на седница се освнрал на случувањата поврзани со нашиот евроинтеграциски процес. Синодот очекува на транспарентен начин, Владата во содејство со сите надлежни општествено-политички фактори во македонското општество, да изгради став кој целосно ќе го зачува македонскиот идентитет, македонскиот јазик и култура во рамките на европските вредности. Во овој процес, историските прашања и Договорот за добрососедство со Бугарија не треба да бидат дел од преговарачката рамка.
– Изразуваме надеж дека бугарските власти ќе ја согледаат реалноста и ќе се отповикаат на препораките на меѓународните институции и ќе овозможат на македонското малцинство во Бугарија да ги оствари своите основни човекови права, впрочем, на реципроцитетна основа – имајќи го предвид барањето на бугарската кон македонската страна, се наведува во соопштението од МПЦ-ОА.
Светиот архијерејски синод на МПЦ – ОА, на својата редовна седница, одржана вчера, разгледа и повеќе прашања и настани поврзани со актуелниот црковен живот, при што ги усвои годишните епархиски извештаи, како во татковината, така и во дијаспората, и ја проследи дејноста на црковните воспитно-образовни институции.
Ново на Сител
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?
-
Меѓународна потерница за Ковачевски, во земјава го чека 8 дневен притвор
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Лекарите предупредуваат: Внимателно со алкохолот
-
Сиљановска: Имаме право да веруваме во македонскиот сон
-
Мицкоски: Ја стабилизравме економијата – 2025 ќе биде уште подобра
-
Гаши: Да се обединиме околу европските вредности
-
Преглед на вестите од светот