Синодот на БПЦ не ја прифати поканата на г.г.Стефан за заедничко одбележување на 1000-годишнината од ОА
Претставници од Бугарската православна црква - Бугарска патријаршија нема да учествуваат на одбележувањето на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија, што ќе се одржи на 27 и 28 мај во Охрид.
Ова го одлучи Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница, а во врска со поканата од поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан испратена до бугарскиот патријарх Неофит и до државниот врв на Бугарија за заедничко одбележување на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија.
Против учеството на одбележувањето во Охрид, на седницата гласале осуммина владици, а за биле петмина.
Според најавите од МПЦ-ОА, 1000-годишниот јубилеј ќе биде одбележан со црковно-државни свечености на 27 и 28 мај во Охрид.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
СДСМ и денеска бара разрешување на Христовски од директор во АНБ
-
Владата останува на ставот дека АНБ и Агенцијата за разузнавање треба да бидат споени во една институција
-
Мицкоски не очекува турбуленции со цената на струјата по Нова Година
-
Кардиолошки има недостиг од ангиограф
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски