Македонија
10. May 2022 - 16:41

Синод на МПЦ: Одлуката на Вселенската патријаршија потврда за вековниот континуитет - преговорите со СПЦ продолжуваат

Со одлуката на вселенската патријаршија да ја признае МПЦ ОА под нејзиното древно име се обезбедува вековниот црковен континуитет смета Синодот. Владиците се оптимисти и велат на чекор сме до конечна автокефалност на црквата. Приемот на МПЦ ОА  во евхаристичко заедништво со останатите православни цркви, сметаат дека само ќе помогне да се реши неколку деценискиот спор со СПЦ.

Тонски –Владика Тимотеј портпарол на Синодот на МПЦ ОА „ Охридска Архиепископија  не е понижувачко име напротив  е една историја од 10 века додека МПЦ е од 1945 година. Тоа  не треба тоа да се прима на срце како голема отстапка а ние ќе се викаме МПЦ. Не гледам ограничувања и непријатности. Тоа значи дека не е решен статусот ниту самостоен автокефален меѓутоа  не примаат како хиреархија да сослужуваме со тие што ќе бидат согласни со Цариград. Се разбира дека ќе има некои црвки претпоставувам нема да бидат согласни .Затоа ние  бараме еден друг начин, ги бараме  патштата како биле признати од сите тоа е наша желба за тгоа се застапуваме.

Детали од средбата меѓу МПЦ И СПЦ во Ниш не откриваат но велат разговорите продолжуваат во позитивна насока.

 - Ќе играме помеѓу двете цркви да не предизвикаме штета на себе а да не навредиме ниту СПЦ ниту Цариград. Автокефален статус , сме блиску .Кога ќе дојдеме до тој чекор ќе ве викнеме.Засега разговорите Останува во рамки на тесен круг на дипломатски преговори помеѓу двете цркви.

Пред почетокот на седницата на Синодот, Владиците со различни коментари. Митрополитот Наум вели дека тоа е супер, другите пак не беа расположени за коментар.

Премиерот Ковачевски дојде лично да им ја честита на владиците одлуката од Цариград. По средбата не сакаше да коментира а во соопштението од неговиот кабинет се вели дека оваа историска одлука е донесена со интезивна комуникација со Вселенската Патријаршија во последните четири години, во која свој придонес имаа претставници на Владата.

Одлуката од Цариград предизвика  силни реакции кај  бугарската јавност. Скандал! Скопје и ја украде Бугарската Охридска Архиепископија од Бугарија е само еден од насловите во бугарските медиуми. Грчките медиуми пак само ја пренесоа веста објаснувајќи дека црквата во Северна Македонија станува канонска и објаснуваат дека со ова не е доделен статусот на автокефалност.

Со негативна реакција се јави Руската православна црква (РПЦ) која вели дека ги признава исклучиво правата на Српската православна црква (СПЦ) во Северна Македонија.