Сингапурската владејачка Партија за народна акција победи со апсолутно мнозинство на парламентарните избори
Владејачката Партија за народна акција, ПАП; на вчерашните парламентарни избори во Сингапур освои 83 од 89-те места во Парламентот. Од запишаните 2 милиони и 460 илјади гласачи, владејачката партија ја поддржаа околу 70 отсто од Сингапурците за кои е задолжително изјаснувањето на изборите.
Изборите во Сингапур се одржаа шест месеци по смртта на оснивачот на ПАП и премиер од стекнувањето на независноста Ли Кван Ју. Според аналитичарите, смртта на првиот премиер, татко на сегашниот прв човек Ли Хсиен Лунг, максимално го подигнала патриотското чувство на најголемиот број на жителите на Сингапур, а тоа била и причина во однос на изборите од пред пет години ПАП да освои три псрлсментарни места повеќе.
Опозицијата во кампањата ги користеше економската криза во регионот, политиката на имиграција, високите животни трошоци и драконското однесување кон политичките диседенти како адути со кои ќе побара поголема доверба на гласачите.
Еден од куриозитетите на годинашните парламентарни избори во Сингапур е податокот дека вчера до 10 часот, три часа по отворањето на гласачките места, излезноста на избирачите била над 60 отсто.
Ново на Сител
-
Рама: Мигрантите нема да смеат да излезат од кампот во Ѓадр
-
Фетаи: Замрзнувањето на балансерот нема да спречи нови вработувања
-
Фетаи: Во Академијата за судии и јавни обвинители веќе нема да има политизираност
-
Наутро ладно, преку ден топло - заладување од четврток
-
Поддршка од стотина членки на ОН за Гутереш откако Израел го прогласи за непожелен
-
Макрон: Хезболах веднаш да ги прекине нападите врз Израел
-
21 година од смртта на Ѓорѓи Колозов
-
Македонските фудбалери вечерва играат против Ерменија