-->
-->
Синер: Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот со Ѓоковиќ
-->

Најдобриот светски тенисер Јаник Синер ќе го брани трофејот на Вимблдон откако вчера во полуфиналето го совлада седумкратниот победник на овој турнир Новак Ѓоковиќ со 3-0 во сетови (6:4, 6:4 и 6:4). Негов ривал во финалето ќе му биде актуелниот освојувач на Ролан Гарос, Александар Зверев.
– Секогаш против Новак (Ѓоковиќ) имам тешки мечеви. На Австралија опен направив неколку адаптирања. Тој имаше тежок меч во четвртфиналето против Феликс. Сервирав навистина добро и тоа ми помогна во мечот, а бев и агресивен од основната линија. Задоволен сум од настапот, изјави Синер.
Финалето на Вимблдон Синер – Зверев се игра во недела со почеток во 17 часот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Војската да ја чува критичната инфраструктура
-

Поранешниот претседател на ФФМ, Сејдини излезе од притвор
-

Се проширува Безбеден град
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Нашата цел како Влада е трајно зачувување на Охридскиот регион како светско, природно и културно наследство
-

Велковски: Парите заштедени во вториот столб се на граѓаните
-

Почна чистењето на водоводот во Гостивар
-

Преглед на вестите од светот
