-->
-->
Синер ја освои четвртата титула во сезоната и се израмни со Ѓоковиќ, Медведев и Зверев
-->
Дваесетгодишниот Јаник Синер го победи Диего Шварцман во вчерашното финале на турнирот во Антверп, Белгија со 2:0, двата сета ги доби со по 6:2.
Италијанецот ја освои својата петта титула во кариерата и четврта сезонава. Во однос на бројот на трофеи во 2021 година, тој се израмни со Новак Ѓоковиќ, Данил Медведев и Александар Зверев. Само Каспер Руд има повеќе титули (5) во 2021 година.
По триумфот во Белгија, Синер ќе напредува на 11. место на АТП ранг-листата.
Италијанскиот тенисер е најмладиот носител на пет титули на АТП од 2007 година наваму. Претходно Ѓоковиќ до својата петта титула дојде кога имаше само 19 години.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението
-
Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Посебен сообраќаен режим денеска во Скопје
-
Русија тврди дека Украина го нападнала Крим со американски ракети