„Синедејс“ завршува утре со прогласување на наградените и концерт на „Wooden wisdom“

Германскиот филм „Тони Ердман“, кој е во трка за „евопскиот оскар“, и историската драма „Рај“ за која Андреј Кончаловски ја освои Сребрената палма за режија на филмскиот фестивал во Венеција, се меѓу филмовите кои ќе бидат прикажани вечер, на претпоследниот ден од 15. Фестивал на европски филм „Синедејс“.
На фестивалската програма вечер е и филмот „Од онаа страна“ на Зринко Огреста кој освои седум Златни арени на Филмскиот фестивал во Пула, меѓу кои за најдобар филм и најдобра режија, а главниот актер Лазар Ристовски за најдобар актер.
Во рамки на придружната програма, од 18-ти до 20 ноември во Младинскиот културен центар од 11 часот ќе се одржуваат работилници за продукциски дизајн со уметничките директори Сара Холдрен и Лора Бишоп.
„Синедејс“ ќе заврши утревечер со прогласување на наградените филмови од натпреварувачките селекции - Официјалната и СинеБалкан. Фестивалот ќе го затвори филмот „Устав на Република Хрватска“ на Рајко Грлиќ во кој копродуцент е и Македонија и, меѓу другите, игра и Јелена Јованова, а музиката е на Дуке Бојаџиев. На проекцијата е најавено присуство на актерите Небојша Глоговац и Дејан Аќимовиќ.
За затворањето на 15-тото издание, „Синедејс“ организира и концерт на музичкото дуо „Wooden wisdom“ во кое членува холивудската ѕвезда Елајџа Вуд, познат по улогата на хобитот Фродо во трилогијата „Господарот на прстените“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Стојанче Ангелов
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
