Македонија
27. March 2023 - 16:32

Синдикатот од здравството со најава за протести ако не се исполни ветувањето за поголеми плати

Или потпис на анексот или протести. Најголемиот здравствен синдикат даде рок до среда да им кажат дали министерството и фондот за здравство на состанок во петокот договориле повисоки плати. Ако не се случи тоа, повикаа на масовен протест пред министерството во четврток. Бараат линеарно зголемување, од 2 до 3 илјади денари за сите, а најмногу за медицинските сестри.

„Двете покачувања на минималната плата беа во вкупен износ од 7.650 денари во бруто,а ние во овој момент бараме покачување од повеќе од половина од тој износ. Ги повикуваме сите членови во Синдикатот и сите вработени во здравството, кои нема да бидат вклучени во работниот процес на тој ден, да бидат присутни на протестот во 5 до 12.“ – Љубиша Каранфиловски, претседел на синдикат при ССМ

Пред министерството за финансии, пак, протестираа вработените во култура. Ќе излегуваат секој ден додека не се сретнат со министерот, а најавија и проширување пред Владата.

Со плата од 25 илјади денари која ја земаат во просек 70 проценти од вработените во секторот култура, месецот не може да се преживее. Затоа бараме потпишување на колективен договор и зголемување на платите по примерот на министерството за финаснии.“ – Бранко Костовски претседател на синдикатот при мин.за култура

Можеби ќе ја посетиме и Владата, можеби ќе бидеме и во поголем број...се додека не се оставри средбата со министерот за финансии или премиерот на државата, вработените нема да попуштат.“ – Трпе Деаноски, УПОЗ

Од Финансии рекоа дека се работи на системско решение, посочувајќи го законот за плати во јавниот сектор, иако сите синдикати досега побараа негово повлекување.