Синдикатот на културата ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура
Синдикатот на културата денеска ќе одржи протестен совет пред Министерството за култура поради неисплатените плати и како што соопшти, обидите за непочитување на колективните договори.
- Повод за овој протестен Совет во проширен состав пред Министерството за култура и туризам е ударот врз достоинството на културните работници, ненавремените и јасни насоки за пресметка на плата од Министерството за култура, постојаните обиди за непочитување на колективните договори, што резултираше со доцнење на платите и оставање на вработените во културата за велигденските празници без пари, велат од Синдикатот.
Оттаму минатата недела реагираа бидејќи вработените во култура беа оставени без плата за време на Велигденските празници.
Од Министерството за култура и туризам соопштија дека вработените во институциите од областа на културата ќе ги добијат платите со потребното зголемување во првите два работни дена после празниците, а доцнењето било заради усогласување на платите.
- Причините за доцнењето се заради усогласување на пресметките за плати со Министерството за финанасии, информираа од Министерството за култура и туризам.
Од опозициската СДСМ вчера побараа оставка од министерот за култура Зоран Љутков поради, како што наведоа, хаосот што го направил во културата.
Ново на Сител
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски