Синдикатот на „Југохром“ бара средба со Заев, во спротивно најавува протетси пред Владата

Синдикалната организација на комбинатот Југохром од Јегуновце најавува протести пред Владата доколку до крајот на неделава не оствари средба со премиерот Зоран Заев во однос на статусот на комбинатот.
Во денешното барање за средба испратено и до медиумите се наведува дека Синдикатот побарал состанок со премиерот на 17- минатиот месец, но од неразбирливи причини за нив тоа не се реализирал.
- Затоа со овој допис Ви се обраќаме со барање за одржување итна неодложnа средба. Доколку до крајот на неделава не се одржи средбата, ние како Синдикат ќе бидеме принудени поради огромниот притисок на напуштените работници да организираме синдикални протести пред Владата на РМ, стои во барањето.
На почетокот на ноември лани Државниот инспекторат за животна средина донесе одлука за затворање на „Југохром“ бидејќи во предвидениот рок, кој истече на 31-ви октомври сѐ уште не беа поставени филтрите за отпрашување на воздухот.
Ново на Сител
-

Расел победи на првите квалификации во сезоната 2026 во Формула 1
-

Трамп: Куба е пред колапс и бара договор со САД
-

„Емирати“ на неодредено време ги суспендира сите летови до и од Дубаи
-

Една третина од пратениците во ЕУ се жени, во Македонија 37,5 отсто
-

Цената на нафтата надмина 90 долари, најголем неделен раст од 1983 година
-

Иран негира дека целосно го блокирал Ормускиот теснец, затворен е само за американски и израелски бродови
-

МНРиНТ: Во недела почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток
-

Премиерот Мицкоски на поставување камен-темелник на нов кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“-Скопје
