Синдикатот на „Фени” бара да нема прекин во работниот однос на вработените
Да нема прекин на работниот однос и цело време до моментот на продажбата да имаме статус на вработени. Ова е барањето кое денеска го испорачаа работници од „Фени индустри“, а го соопшти Димчо Убавков, член на Извршниот одбор на Синдикалната организација. Работниците незадоволни од тоа што неколку банки доверители побараа стечајна постапка, два часа го блокираа патот Градско-Прилеп, од 10 до 12 часот.
- Имаме сега екипа во Скопје на преговарање со вицепремиерот Кочо Анѓушев и со банките. Ако има нешто позитивно ќе се реши ситуацијата, ако не утре пак си продолжуваме со штрајк. Сега нас ни е најбитно, оти цената е 13.000 за тон никел, а ние не работиме и сме на улицата. Бараме вицепремиерот да преземе повеќе обврски за ние да не останеме на улица, нагласи Убавков.
Душко Николовски претставник на синдикат додаде дека ако мора, нека има стечај, ама работниците да не бидат оштетени и да не останат на улица. Без да им се реши статусот, стечајот не го прифаќаат. Сакаат да го задржат статусот на вработени и да не одат под Завод за вработување.
- Што ќе се договорат банките, Владата, инвеститорите, нека се договорат. Имаме поволни цени сега, ние работевме со осум илјади долари по тон кога се правеше загуба, сега е меѓу 12-13.000, што е профитабилно, а ние штрајкуваме, рече Николовски.
Тој без коментар на прашањето дали има политички игри зад целиот случај, дали во заднина има моќници.
- Знаеме само дека во овој момент цената е добра, а ние стоиме. Воопшто не не интересира инвеститорот кој ќе биде, нас не интересира да дојде инвеститор да се договори со банките и со Владата и ние да почнеме да работиме, нагласи Николовски.
Благој Митрев вработен во „Фени“ соопшти дека во комбинатот е од почетокот во 1980 година. Рече дека им е најважно да работат и да земаат плати, а и сите да дочекаат пензии, па и помладите. Потврди дека работници на „Фени” штрајкуваа и пред седумнаесетина години.
Ново на Сител
-
Eнормно зголемена потрошувачката на вода, неконтролирано се полеваат бавчи и ниви
-
Познат идентитетот на македонскиот државјанин кој загина во сообраќајката во Србија
-
Лишен од слобода возач кој вчера удри пешак во центарот на Скопје
-
Возел пијан и излетал од патот, приведен возач во близина на Македонска Каменица
-
Полицаец во Гостивар украл 25.000 евра и злато вредно 50.000 запленети при претреси
-
Уапсени тројца Турци во Штип, при претрес во нивниот стан најдени 123 семки канабис
-
Две физички пресметки изминатата ноќ пријавени во Тиквешијата
-
Приведен маж од радовишко, извршил обљуба врз 77-годишна жена