Бизнис
29. April 2021 - 16:39

Синдикатите побараа пристојна работа и заработувачка, Владата тврди дека тоа е нивна цел

Пристојна работа и пристојна заработувачка. Признавање дека без работникот не може да се обезбеди опстанок и раст на државата. Ова се заложбите на Синдикатот по повод Меѓународниот ден на трудот. Бараат од Владата похрабри чекори во надминување на здравстената криза, но и исполнување на предизборните ветувања.

- Време е здравствената криза поенергично да се стави под контрола, да се носат закони   кои ќе носат подобар живот за работниците, изјави Златко Цветковски, ССМ.

Работникот има права, дури и газдите кривично одговараат ако ги прекршат, но само на хартија, признаваат од Организацијата на работодавачи. Бараат законски измени кои ќе им дадат поголема флексибилност, а на работниците им порачаа да бидат попродукутивни. Само на тој начин можат да го достигнат европскиот стандард.

Државата успешно се справи со зачувавање на работните места, признава Димитров. Да немаше финансика помош, голем дел од работниците би останале без егзистенција. Тоа беше приоритетот на Владата, возврати премиерот Заев. Се зголеми и просечната и минималната плата. Прогнозите се дека растот ќе продолжи

Според вицепремирот Битиќи, најголемиот предизвик во ковид пандемијата било токму зачувувањето на работните места. Со финансиката поддршка за исплата на плати, вредна 138 милиони евра, се исплатиле примања за над 190.000 работници. Од Владата најавија дека при крај е новиот закон за работни односи, со кој работниците би уживале поголеми права.