Син ми беше зависник ама се излекува пред да се ожени, сведочеше дедото на Вања
На денешното рочиште за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, сведочеа и бабата и дедото на Вања, Иванка Ѓорчевска и Зоран Ѓорчевски, родители на нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски, еден од обвинетите.
И двајцата ги потврдија неофицијалните информации кои се појавија откако Ѓорчевски беше уапсен, дека е поранешен зависник од дрога.
- Во младоста имаше проблеми со зависности, ама се излекува пред да се ожени, рече таткото на Ѓорчевски, кој за исчезнувањето на внука му дознал случајно, откако се слушнал телефонски со неговата поранешна сопруга, мајката на Александар Ѓорчевски.
- Јас сум во постојан контакт со семејството, се јавив да прашам како се. Се јавив, мајка му на Сашо плачеше, ме извести дека ја нема Вања. Ние сме 40 години разведени. Го побарав на телефон Александар за да ми каже што се случува и тој ми рече дека ја нема Вања, не е стасана на училиште.
Јас реков кажете што треба во секое време да се вклучам, рече тој, а на прашањето дали го познава пријателот на неговиот син, Гоце Трајковски, рече дека со неговата фамилја се кумови.
Сведокот Трајковски, кој ги прегледувал снимките со таткото на Вања, не дојде на судењето, имал паничен напад
Рече и дека неговиот син работел цело време, со прекини од 2-3 месеци, во Фершпед, во Кометал, па пак во Фершпед. Кога се случило исчезнувањето на Вања, не работел никаде два три месеци. Се издржувал со пензијата на мајка му и со неговата пензија.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа