Живот
29. јуни 2018 - 19:20

Син ја посрамоти својата мајка: Ја праша што е тоа девица, а кога му одговори следуваше нов шок!

Повеќето од родителите знаат колку можат да бидат непријатни прашањата за сексот. Баш таква ситуација доживеа оваа жена и тоа пред камерите.

Имено, во склоп на емисијата „24 Hours in A&E“ на телевизијата Канал 4, жена со 10 годишниот син Ејдан чекаше за преглед во болница.

А како подобро да се убие времето ако не зборувајќи за лежерни теми. Лежејќи во болнички кревет, детето може да се каже ја шокираше својата мајка со прашањето- што е тоа девица?

Енџел, која синот го доведе во лондонска болница откако паднал од скали во парк, видно се вцрвени од срам слушајќи го прашањето, на кое требаше на брзина да понуди прикладен одговор, прилагоден на возраста на детето, но и на тоа дека е на телевизија.

Мајката помалку неспретно на синот му кажала дека девица е личност која претходно не правела ништо. Секако љубопитноста на Ејдан не била задоволена со таков неразбирлив одговор, па ја праша својата мајка дали таа е девица.

Мајката проба да се извлече така што дека е девица во падобранството, со оглед на тоа дека никогаш не скокала со падобран.

Ејден на тоа само одговори:

-Ма не си ти девица!

Неговата мајка дополнително поцрвене па почна незгодно да се смее. Подоцна пред камерата објасни дека Ејдан секогаш бил многу љубопитно дете.

-Тој е мала ѕвезда. Воопшто не се сомневам дека добро ќе помине во животот. Неверојатно е љубопитен и упорен. Сака да знае се и во состојба е да постави милион прашања за еден час, раскажа гордата, но може да се каже и малку посрамена мајка.