Симпсонови оддаваат почит на Алан Рикман и Дејвид Боуви

Аниматори од Симпсонови му оддаваат почит на актерот Алан Рикман во претстојната епизода од оваа анимирана серија..
Два од најпознатите филмови на Рикман „Love Actually“ и Хари Потер, се пародираат за обожавателите на британскиот актер, кој почина вчера.
Клипот почнува со Хомер и неговите другари во Спрингфилд кои се обидуваат да ги сфатат своите сопруги со гледање „Love Indubitably“ во кој премиерот, чиј глас го позајмува Бенедикт Камбербач, ја користи својата моќ за да ја изрази својата љубов кон неговата секретарка Елиза Комонбатом.
Парламентот вивнува во радост кога вљубените се бакнуваат додека свири „ All The Young Dudes“ од Дејвид Боуви, кој, исто така, за жал почина оваа недела.
Тогаш, нималку случајно, се појавува Рикман како професорот Северус Снејп да одржи говор за љубовта. - Љубовта е посилна од сите мои магија, вели тој, по што Шекспир, Черчил, Шерлок и Исак Њутн изведуваат дел од „The Full Monty“, додека Алфред Хичкок како режисер излегува и игра брејкденс.
Ново на Сител
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
-

Ангелов: Се подобрува состојбата во Гостивар
-

СДСМ: Савески да постапува во Гостивар
-

Регионален состанок во Скопје: Превозниците ќе бараат решение за престојот во Шенген
-

Протест на земјоделците во Струмица
