-->
-->
Симовски повика 17 ракометарки за дуелите со Црна Гора и Хрватска
-->
Селекторот на македонската женска ракометна репрезентација, Симе Симовски, денеска го објави списокот на ракометарки кои ќе конкурираат за настап на квалификациските натпревари за Европското првенство 2016 против Црна Гора и Хрватска.
На списокот на Симовски се:
Голмани: Наташа Антиќ, Драгана Петковска, Матеја Серафимова и Нина Ладева.
Крила: Јована Саздовска, Сара Митова, Наташа Нолевска и Сара Ристовска.
Бекови: Дајана Јовановска, Теодора Керамичиева, Андреа Белеска, Елена Ливриниќ, Симона Стојановска и Елена Ѓорѓијевска.
Пикери: Марија Николиќ, Ивана Гакидова и Стефанија Мишевска.
Првиот собир е закажан за 28 мај во СРЦ Кале. Натпреварот против Црна Гора е закажан за 2 јуни во Скопје, додека на 5 јуни нашата женска репрезентација ќе гостува во Риека на селекцијата на Хрватска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одземени пасошите на Филип Андов Сокол и другите осомничени по акцијата во Шутка
-
Дурмиши : Ја охрабрувам Комисијата за заштита на конкуренција да продолжи да врши контроли на ланци на маркети
-
Мицкоски остварил средба со Ердоган, потврдена посветеноста за зајакнување на стратешкото партнерство
-
Димитриеска Кочоска: Темата со пратеничката Петровска е завршена за мене, се фокусирам на својата работа
-
НБА: Едвардс пред суспензија поради 16 техничка грешка сезонава
-
Кејти Пери оди во Вселената
-
Ватикан: Папата Франциск продолжува со лекувањето, неговата здравствена состојба се подобрува
-
26 годишна девојка пријавена за исчезната, пратила порака дека е во Србија