Симовски е задоволен од пописот, Левица тврди дека има масовен бојкот
На 10 дена од стартот на пописот, бројката на попишани граѓани надмина половина милион. Директорот на државниот завод за статистика уверува дека статистичката операција на терен се спроведува без застои и проблеми, доказ за тоа се вчерашните 93 илјади попишани лица. Симовски не крие дека има и граѓани кои одбиваат да бидат попишани но нивниот број е многу мал и не влијае врз успешноста на процесот.
Сè уште не применуваме никакви санкции и се надеваме дека тоа нема да се случи до крајот на попишувањето, односно дека ќе успееме да ги убедиме тие луѓе дека онаа пропаганда што е насочена против спроведувањето на пописот во суштина е систем на дезинформации и целта е сосема друга, а не она што сакаме да го постигнеме“, вели Симовски.
Со целосно спротивен став денеска излезе пратеникот на Левица Крмов. Тој тврди дека ДЗС ги лажира податоците, бидејќи граѓаните на терен масовно го бојкотираат пописот и не отвораат врата.
Заклучно со вчера попишани се 512. 457 граѓани, над 158 000 домаќинства и повеќе од 212 илјади станови. На самиот почеток операцијата наиде на многу технички проблеми, а попишувањето три дена беше во застој поради пад на системот. Попишувањето на терен ќе трае до 30 септември, а првичните податоци се очекуваат на почетокот на следната година.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар