Симоновски: Нова ера за Ранковце со над 50 проекти

– Од проектите 15-тина се приоритетни, а се однесуваат на изградба на водоводен систем во село Псача, регулација на Потрчин дол во село Петралица, регулација на Гиновски дол до шумското стопанство, регулација на Ранковачка Река, во реонот на местото викано Ромско маало, како и изградба на канализациска мрежа во селата Опила и Љубинци, кои се двете единствени села во општината каде сеуште нема канализација, рече Симоновски.
Тој најави и подобрување на канализациската мрежа во Ранковце и изградба на нова, а како што потенцираше, планирано е и продажба на 24 градежни парцели од слободната општинска индустриска зона во Криво Крушче, за да се овозможи изградба на капацитети и вработување на граѓаните.
Симоновски воедно апелира за активности во мирна и фер изборна кампања. (МИА)
Ново на Сител
-
Мерц: Можно е најлошото допрва да доаѓа
-
Македонија влегува на светските карти за планинарски патеки
-
Водата во Скопје безбедна за пиење
-
Приведени крадци од Битола и Прилеп
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан