-->
-->
Симоновски и МЗТ Скопје се разделија
-->
Марко Симоновски повеќе не е дел од екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Ова денеска официјално беше обелоденето од таборот на македонскиот шампион.
„Македонскиот репрезентативец Марко Симоновски (30 год, 191 см) повеќе не е член на МЗТ Скопје Аеродром, откако двете страни денеска со взаемна согласност и на обострано задоволство потпишаа раскин на договорната соработка. Искусниот бек-шутер од 2016 година беше дел од нашиот тим и имаше свој придонес во последните две шампионски титули на нашиот клуб, како и на таа во 2015 година во својата прва сезона во сино-белиот дрес. МЗТ Скопје Аеродром му се заблагодарува на сѐ што досега прикажа настапувајќи за нашата екипа и му посакува сѐ најдобро во продолжението од кариерата“, пишува во објавата на официјалниот веб сај на клубот.
Ваквиот потег доаѓа на два дена пред вечното дерби со Работнички, закажано за во недела од 18 часот во салата Парк.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад