Симфонски концерт за деца посветен на екологијата
- Македонската филхармонија денеска напладне ќе одржи симфониски концерт за деца насловен „Музичка екскурзија со Пакомак“, на кој аниматор ќе биде познатиот водител на емисии за деца Ивце Пивце.
На концертот, кој ќе го води диригентот Фи Фи Ле, ќе бидат изведени композиции од Хајдн, Респиги, Вивалди, Штраус, Бетовен, Сметана...
Концертот е посветен на екологијата, чувањето на чистата природа, соживотот на растителниот и животинскиот свет. Раскажува приказна за група ученици кои одат на екскурзија и за нивните перипетии кои ќе им се случат по патот.
- Ова е уште еден од едукативните концерти на Македонската филхармонија чија мисија е преку класичната музика, но и преку еко приказната, да влијае врз образованието на најмладите и да ја прошири нивната свест за екологијата, надвор од училишните клупи, соопшти Филхармонијата.
Ново на Сител
-
Маж од Валандово најден починат дома, ќе се прави обдукција
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори