Бизнис
30. October 2015 - 19:49

Симеон Џанков, креатор на Дуинг Бизбис индексот: Сите инвеститори го читаат извештајот на Светска банка

Над триесет милиони предгледи за само еден ден има он лајн верзијата на извештајот Дуинг бизнис . Овој податок е доволен показател за неговата релевантност во деловниот свет. Креаторот на Дуинг бизнис индексот кој ја мери деловната клима во земјите, Симеон Џанков, во интервју за Сител вели дека извештајот е  многу важен за малите земји, како Македонија.

Големите економии немаат проблем, тие се огромни пазари и заради тоа имаат многу инвестиции, но Дуинг бизнис е значаен за малите економии. Преку него, инвеститорите дознаат за Македонија.

Дуинг бизнис постои 14 години и мери повеќе индикатори како што се брзината за почнување бизнис, трошоците за работа на компаниите, процедурите за добивање градежни дозволи...сите тие се битни за менаџерите кои бараат нова инветсициска дестинација. Македонија е доказ за тоа. Колку повисоко котира на извештајот, толку повеќе инвестиции доаѓаат во земјата. Таа е лидер во деловниот свет затоа што во изминатите девет години спроведе редица реформи кои ја подобрија бизнис климата.

Џанков не вели дека извештајот Дуинг бизнис е совршен. Но, според него критиките доаѓаат од големите економии кои котираат подолу на листата. Нивните тврдења дека извештајот е контроверзен затоа што не ги зема предвид инвестициите и растот, туку условите за водење бизнис, не се издржани.

Најобмениот извештај на Светската банка, Дуинг бизнис годинава Македонија ја рангираше на 12 место во светот според условите за водење бизнис. За девет години земјава напредуваше за 82 места на оваа листа.