Спорт плус
31. August 2023 - 17:32

Силвио Мировски ќе се бори за злато на ЕП во кик бокс во Истанбул

Во полуфиналната борба на Европското првенство за деца кадети и јуниори во кок во Истанбул, Силвио Мировски го победи Урош Крстиќ од Србија со резултат од 3:0 и со тоа влегува бо игра за злато.

Во изјава за Сител Телевизија претседателот на Македонската Кик Бокс Маи Таи Федерација, Дејан Митровски Урко кажа дека во финалната борба Силвио ќе ги одмери силите со Ефстахиадис Кристос од Грција.