Џет-Сет
20. February 2018 - 15:47

Силвестер Сталоне: Одлично е чувството да се вратиш од мртвите!

На социјалните мрежи на 18 февруари се појави известување дека актерот Силвестер Сталоне починал од рак на простатата, и дека својата болест ја држел во тајност, но и оти со неа веќе не можел да се бори.
Објавата е споделена 2.2 милиони пати, а со неа објавена е и фотографија на која актерот изгледа болно. Некои медиуми навеле дека станува збор за фотографии од снимањето на новиот филм „Крид 2“ во кој Балбоа се бори со ракот.

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone) on

Сталоне на Инстаграм објави видео на кое се забавува со неговите ќерки, со што се докажа дека е жив.

Претходно, актерот изјави дека добро се чувствува, а на обожавателите им порача да ги игнорираат глупостите што се пишуваат за неговата смрт.