Силва го напушта Челси на крајот од сезоната
Бразилскиот фудбалер Тиаго Силва денеска соопшти дека ќе го напушти Челси на крајот на сезоната, објавено е денеска на клупската веб-страница. Силва (38) на тој начин по четири години ќе го напушти клубот во кој дојде летото 2020 година од Пари Сен Жермен.
Бразилецот во емотивна видео порака рече дека поминал прекрасни години во лондонскиот клуб, им се заблагодари на навивачите на „сините“ за поддршката за време на неговиот престој на „Стемфорд Бриџ“ и додаде дека му е многу тешко што ќе игра на друго место следната сезона.
Бразилецот ја освои Лигата на шампионите со Челси во 2021 година, а истата година го освои и Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа. За „сините“ одигра 151 натпревар во сите натпреварувања и постигна девет гола.
Во исклучително богатата играчка кариера, Тиаго Силва пред Челси настапуваше за Пари Сен Жермен, Милан, Флуминенсе, Хувентуд и Динамо Москва.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Покажавме дека Скопје може да оди напред, наследивме целосен копалс на градот без преседан
-

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“
-

Трамп: Во наредните 10 дена ќе се знае дали ќе има договор меѓу САД и Иран
-

Шведска вети уште 1,2 милијарди евра воена помош за Украина
-

Редок вид на чапја се гнезди крај Дојранското езеро
-

Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
-

Реализирана исплатата на речиси 10.000 овоштари
-

Силна порака од Роберто Росети за квалитет и поддршка: Напредна едукација и ФИФА амблеми за македонските судии
