Свет
4. August 2016 - 20:47

Силувал малолетно девојче, а потоа за да ја избегне казната направил...

 

Жртвата која сега има 15 години, наводно минатата година два пати била силувана од страна на Ахмад Јусуф, кој има 20 години.

Момчето кое го силувало 14 годишното девојче ја избегнал затворкста казна така што ја оженил жртвата.

Судот во Малезија одлучи да го прекине процесот против силувачот бидејќи е докажано дека двајцата се во брак.

За силување во Малезија казната е 30 години затвор и мачење. Активистите велат дека ваквите случаи не се реткост. За жал во овие земји кои се претежно муслимански, семејствата ги венчаат жртвите за силувачите, наместо нивното име да се провлекува по судовите.

Детските бракови се чести во Малезија. Девојчиња помлади од 16 години мораат да добијат дозвола од исламските судови за брак, но таквите дозволи лесно се добиваат.