Силно невреме ја погоди Србија: Паѓаше град со големина на топче за пинг-понг
Силно невреме проследено со дожд и голема невреме со град ја погоди Србија, а според мештаните на неколку села на територијата на општина Горњи Милановац, најголема штета претрпеле земјоделските култури.
Невремето траело 20 минути, а во некои делови е формирана прекривка од десетина сантиметри град.
Најголема штета е предизвикана во делови од Драгољско брдо. Најмногу страдаа сливите, малините, пченицата и детелината, изјави Никола Јакимовиќ, претседател на МЗ Драгољ, за РИНА.
Силно невреме е забележано и во Топола. Најголема штета е предизвикана во неколку села.
"Градот беше со големина на пинг-понг топче, а подоцна и помал. Во селото Шуме, град паѓаше речиси 20 минути. Најголемата штета е на црешите, кои се пред берба, но и на виновата лоза и јаболкото. Слушнавме дека испукале ракети, но не знаеме точно колку “, велат мештаните.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиставата на Вања и Панче
-
Дали е потребен закон за Уставен суд?
-
СДСМ со видео снимка обвинува дека Тошковски штити роднини на високи партиски функционери
-
Отворен меѓународен тендер за изградба на интерконекција меѓу Македонија и Албанија
-
Треба да се работи на патната инфраструктура
-
Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции