-->
-->
Силно невреме го зафати јужното албанско крајбрежје
-->

Невреме, со обилен дожд и силен ветер, доцна попладнево го зафати јужниот дел од албанското крајбрежје.
Како што јавуваат албанските медиуми најпогодени се градовите Саранда и Валона, каде има дури превртени кранови кои служат за утовар и растовар на стока од бродовите на пристаништата во овие приморски градови.
Крановите при падот оштетиле и рибарски бротчиња, но за сламка се спасиле повеќе рибари.
Обилните дождови предизвикале вистински реки по улиците, посебно во Саранда, поплавени се повеќе куќи и дуќани.
Невреме имало и во други градови во јужниот дел на Албанија, што било проследено и со грмежи и електрични празнења.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Младите наместо пред телефони да спортуваат
-

Во Прилеп за прв пат се одржа хуманитарната трка „Трка со срце“ на 5 и 10 км
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Моника Зајкова, лидер на ЛДП
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

Привршува подготовката на новикот Изборен законик
-

Конечно ќе почне изградбата на втората фаза од автопатот Скопје - Блаце
-

Осветен 20 метарски крст во Таринци - донација од три семејства
