-->
-->
Силна бура во Калифорнија предизвика прекин во снабдувањето со електрична енергија
-->
Повеќе од 70.000 луѓе останаа без електрична енергија поради силната бура, придружена од обилни дождови што вчера ја погоди американската сојузна држава Калифорнија.
Ветерот со брзина над 120 километри на час собори десетици дрвја кои ги прекинале електричните инсталации во окрузите Сан Диего и Лос Анџелес.
Еден човек загина во Сан Диего кога дрво паднало врз неговиот автомобил.
Властите предупредуваат од евентуални поплави во низа региони.
Во планинските региони на Калифорнија поради обилниот снег полицијата затворила десетици патишта.
Метеоролозите предупредуваат дека бурата ќе продолжи и ќе го зафати централниот дел на Калифорнија, вклучително и Сан Франциско.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Разоткриена измама со биодизел: Штета од 60 милиони евра во ЕУ
-
Руски напад со дронови врз Одеса – еден ранет, илјадници без струја
-
Мбапе: Сакам да испишувам историја со Реал
-
Трамп за Би-Би-Си: Русија сака мир, има предност поради освоените територии
-
Руски напад во Херсон: Повредени шест лица, меѓу нив и две деца
-
Словенец измамен за речиси 40.000 евра во крипто-заговор
-
Таткото на Илон Маск проговори за син му како семеен човек
-
Во Берово утрово -14, на Попова Шапка 32 сантиметра снег