Силјановска Давкова: Во владата има сериозни проблеми и притисоци, премиерот не може да си го управува тимот
Промени во влада во последната година од мандатот се прават обично при избивање на голем скандал, затоа што е многу ризично, ако во последната година зборувате за реформи значи не сте направиле никакви реформи изминатите години, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на денешната собраниска седница.
- Да дадам еден пример како што требаше да направите. Заменик министерот за внатрешни работи кој глумеше шеик на Босфорот, ако го разрешевте, бидејќи министер не смее да земе повеќе од 100 евра или ниту едно евро. Колегите од странство викаат дека ваков скандал би предизвикал пад на владата во истиот момент, изјави таа.
Силјановска Давкова потенцира дека е опасно да се менуваат министри во последната година.
- Ако нема ефикасна влада, ако нема квалитетна влада, ако премиерот не си го познава и не му верува на тимот тогаш во игра се пазарни механизми. Зошто се откажувате за тие кои викате дека се најдобри и влегувате во неизвесност на игра која не ја диктирате вие туку некој друг, изјави таа.
Силјановска Давкова изјави дека оксиморон е да тврдите дека реформа е можна за 10 месеци. Такво нешто немало, реформата е процес што тече, за 10 месеци ништо не може да се направи
- Во владата има сериозни проблеми и притисоци, премиерот не може да си го управува тимот. Овие тука се само субјекти на партиски пазар, рече таа.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, се разгледуваат мерки за справување со можните економски предизвици
-

Мицкоски: Економијата е консолидирана, шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати
-

Франција одобри привремено присуство на американски авиони во локалните бази
-

Фармацевтка посочи: Витамините во додатоци не се безопасни
-

Сиљановска Давкова: Страшно е секој 8 Март да броиме нови жртви, како е можно институциите да се имуни на предупредувачките сигнали
-

Судот не го прифати предлогот на бранителите за спојување на постапките за пожарот во „Пулс“
-

За 48-часа продолжен притворот за Стојанче Јовановски, сопругот на мајката која почина со својата ќерка по пад од зграда
-

Претежно сончево време утре и во сабота, потоа дожд и пониски температури
