Сиљановска Давкова се сретна со началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска имала средба со началникот на генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, соопшти претседателскиот Кабинет.
-На средбата, прва по стапувањето на функцијата, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековните активности на Армијата во остварувањето на задачите за заштита на територијалниот интегритет и независноста, подготвеноста за исполнување на националните и на меѓународните обврски, придонесот во колективната самоодбрана, меѓународните операции и заштита на пошироките национални интереси, се наведува во соопштението.
Претседателката Сиљановска Давкова изразила уверување дека македонската Армија, како и досега, ќе продолжи со истата посветеност да ја исполнува својата уставна должност да го штити нашиот територијален интегритет и независност, а армиските припадници да продолжат да бидат пример за професионализам, дисциплина и посветеност, како што доликува на земја-членка на НАТО.
Претседателката Сиљановска Давкова ја истакнала својата определба, како Врховен командант на вооружените сили, секогаш да дава поддршка за натамошно опремување и модернизација на Армијата и подобрување на условите за живот и работа на армиските припадници.
Ново на Сител
-
Ново судење за убиствата на Вања и Панче
-
СДСМ и денеска бара разрешување на Христовски од директор во АНБ
-
Владата останува на ставот дека АНБ и Агенцијата за разузнавање треба да бидат споени во една институција
-
Мицкоски не очекува турбуленции со цената на струјата по Нова Година
-
Кардиолошки има недостиг од ангиограф
-
Преглед на вестите од светот
-
Извештајот на Светска банка го нарушува имиџот на земјава
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски